Предновогодишна креативна работилница на лицата со попреченост во Градско (Фото)

Објавено на 27 декември, 2021 во 10:55

Дваесет и осум лица со посебни потреби еден час ги покажуваа своите вештини во изработка на новогодишни честитки и икебани во простор што за нив го обезбеди Општина Градско. На нивните новогодишни честитки ги прикажаа своите желби и очекувања од новата 2022 година. Тие вредно и мотивирано работеа под надзор на специјален едукатор, дефектолог, Катерина Димова.

По подолг временски период, поради епидемијата од Ковид-19, за нив претставуваше вистинско доживување. Тие конечно излегоа надвор од својот дом и имаа можност да се дружат иако беа практикувани сите здравствени протоколи. Детските насмевки и радоста претставуваа мотивација настанот да се одржи во предновогодишна атмосфера.

На среќата и немаше крај кога меѓу нив дојде Дедо Мраз. Тој ги награди со новогодишни пакетчиња и подароци сите учесници на креативната работилницата организирана од страна на Општина Градско и помогната од вкупно 10 донатори.

На крајот имаше и забава на којашто немаше крај на детската песна и игра. Општина Градско и Градоначалникот Киро Нацков, се задоволни што за момент им приредија доживување на оваа категорија на најмлади жители во општината и сметаат дека оваа традиција ќе продолжи и во наредните години. Годинава средбата се оддржа по четврти пат.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.