Пренасочување на сообраќајот кај клучката Градско на автопатот Е-75
Објавено на 18 ноември, 2021 во 09:29
Во наредните седум месеци ќе има пренасочување на сообраќајот поради изведување на работи на експресниот пат од Градско до Дреново. Кај клучката Градско на автопатот Е-75, ќе може да се вози по возната сообраќајна лената и лентата за застанување, додека нема да може да се вози по сообраќајната лента за претекнување.
Времениот режим ќе се применува во двата правци на автопатот Е-75 и во правец кон граничен премин „Богородица“ и на граничен премин „Табановце“, соопшти Авто Мото Сојуз на Македонија.