При претрес во неготинско пронајдени стебла од растението канабис
Објавено на 13 јули, 2022 во 10:51
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес – Полициска станица Неготино, во текот на вчерашниот ден, 12 јули, околу 15:00 часот, го лишеле од слобода четириесет и четири годишниот Р.А од село Пепелиште, неготинско.
– При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени 19 стебла од растението канабис со висина од 1,5 до 2 метри, една вреќа со лисја од канабис сатива и едно ќесе со лисја од канабис сатива, информираат од МВР.
Оттаму додаваат дека лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева