Припадниците на Армијата донираа пакети за лица од социјален ризик, по повод „Ден на командата за обука и доктрини“

Објавено на 12 април, 2022 во 14:44

Припадниците на Армијата ја покажале нивната хуманост и годинива повторно реализирале хуманитарна акција за лица од социјален ризик. Тие донирале пакети со прехранбени продукти и средства за хигиена. Хуманитарната акција ја спровеле питомците од Центар за обука по повод 15-ти април, „Ден на командата за обука и доктрини“.

-Прехрамбените продукти и средствата за хигиена ги подигнаа двајца волонтери на Општинска организација на Црвен крст од Велес. Тие ќе извршат распределба и потоа ќе се реализира хуманитарна акција до тие на кои им е најпотребно, пишува во соопштението на Црвен Крст – Велес.

Оттаму додаваат дека ова се редовни акции коишто се реализираат во велешката касарна и дека на овој начин ја продлабочуваат одличната соработка помеѓу Црвен крст Велес и Армијата којашто дополнително се манифестира и преку одржување на крводарителски акции и едукативни предавања.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.