Приведен измамник од Велес, за наводно продавање на благословени предмети на интернет

Објавено на 21 мај, 2025 во 15:50
Фото: Архива на Дума.мк

На 20 мај, во СВР Струмица, претставник на МПЦ – OA – Струмичка Eпископија пријавил дека од почетокот до 20 мај годинава на социјални мрежи се појавила фан страна со назив „Библиска Македонија“ каде се објавувале религиозни содржини, пораки и кратки исечоци од веќе објавени беседи на Владиката Јаков. Исто така, според пријавеното, на страната почнала да се врши продажба на мали тегли со по 31 стих од Библијата, како и религиозни книги кои биле претставени како да се со благослов од Владиката Јаков. Имено, за теглите пишувало и во комуникација на луѓето им било кажувано дека се од манастирот во Ново Село како и дека биле благословени од владиката. На тој начин, луѓето биле доведувани во заблуда да ги купуваат додека средствата од продажбата ќе биле употребени во донации за топол оброк за лица бездомници.

„Веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Струмица презеле мерки за откривање на сторителите, по што, со судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица и СВР Велес извршиле претрес во домот на Д.С.(33) од Велес. При претресот пронајдени и одземени се пет мали тегли со пишан цитат од Библијата и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Д.С. е лишен од слобода и со него е извршен службен разговор. Денеска, 21 мај, во СВР Велес повикана е и Р.С.(27) од Велес, сопруга на Д.С., со која бил извршен разговор во врска со делото.

Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот, против Д.С. и Р.С. ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Министерство за внатрешни работи.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.