Приведен неготинец кој ги малтретирал своите две малолетни ќерки
Објавено на 6 март, 2024 во 11:22
Четириесет и четири годишниот неготинец Г.Ц, кој агресивно се однесувал и ги малтретирал неговите две малолетни ќерки, вчера, во 11:20 часот бил лишел од слобода од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека за настанот биле известени Центарот за социјални работи Неготино и јавен обвинител, а по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Дума.мк