Приведени четворица крадци во Кавадарци
Сектор за внатрешни работи Велес информира дека во текот на вчерашниот ден, биле приведени четворица крадци од Кавадарци. Во првиот случај, полициските службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци во 13:30 часот ги лишеле од слобода К.К и Г.С, поради обид за кражба од имот на правно лице во Кавадарци.
Неколку часа подоцна, поточно во 16:15 часот биле лишени од слобода и триесет и осум годишниот Т.К и дваесет и шест годишниот Р.А, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.
-Тие вчера околу 15.20 часот од куќа на Т.А. од Кавадарци одзеле паричник во кој имало пари, картички и лични документи на оштетениот, соопштија од СВР Велес.
Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава и ќе следи соодветен поднесок.
Дума.мк