Приведени двајца кавадарчани, украле повеќе предмети од двор на куќа
Објавено на 3 април, 2023 во 11:34
Дваесет годишните Е.М од Кавадарци и врсникот Д.Џ со престој во градот, вчера, од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Кавадарци биле лишени од слобода.
-Тие се сомничат дека од двор на куќа, сопственост на К.Н.(55) од село Крушевица, општина Росоман, одзеле повеќе предмети. Лицата биле приведени во полициска станица, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, соопштија од Министерство за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева