Приведени двајца крадци во Велес, пронајдени предметите
Објавено на 12 април, 2022 во 12:23
Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден, ги лишеле од слобода дваесет и две годишниот А.М и две години помладиот Л.М двајцата од Скопје со престој во Велес.
– Тие се сомничат дека извршиле кривично дело „тешка кражба“, при што одзеле повеќе предмети од двор од куќа на улица „Кресненско востание“, сопственост на Ф.А.(37) од Велес, пишува во соопштението на Министерство за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека одземените предмети бидат пронајдени и ќе биле вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Стефани Манева