Приведени двајца мажи од село Бузалково, пронајдени оружје и муниција

Објавено на 6 септември, 2023 во 11:01

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, во село Бузалково, велешко извршиле претрес во домовите на педесет годишниот М.С и дваесет и три годишниот Ј.Ј, двајцата од село Бузалково.

Во 07:00 часот, при претрес во домот на М.С (50), извршен со наредба од Основен суд Велес, полицијата пронашла и одземала 51 патрони за ловечка пушка, гасен пиштол и рамка за гасен пиштол. Десет минути подоцна, поточно во 07:10 часот, полицијата со истата наредба влегла и во домот на Ј.Ј (23) и пронашла рамка за автоматска пушка.

Портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев, соопшти дека лицата се приведени во полициска станица.

-За настаните бил известен и јавен обвинител а по целосно документирање на двата случаи против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, додаде Самарџиев.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.