Приведени двајца неготинци, ги малтретирале своите семејства и упатувале закани кон членовите
Четириесет и три годишниот Г.Ц од неготинско село, вчера, во 21:05 часот бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино, постапувајќи по претходна пријава од неговата 36 годишна сопруга. Според пријавата неготинецот го малтретирал целото семејство а посебно нивната малолетна ќерка на која и упатувал и закани.
Вториот неготинец, педесет и четири годишниот Ѓ.Т, бил приведен ноќеска, три часа по полноќ по претходна пријава од неговиот 28 годишен син. Во семејната куќа тој го вознемирувал своето цело семејство и им се заканувал.
Портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска соопшти дека двајцата неготинци се задржани во полициска станица, за настаните се известени јавени обвинители и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Дума.мк