Приведени и спроведени во Идризово се двајца крадци и еден измамник од Велес

Објавено на 17 октомври, 2025 во 13:18

Полициски службеници на Сектор за внатрешни работи Велес, вчера вечер, во 21:00 часот го приведоа М.Т.(44) од Велес, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

-Еден час и 20 минути претходно приведен е и Н.Д.(33) од Велес, баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Исто така, вчера попладне, во 16:15 часот приведен е Ш.Р.(39) од Велес, кој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, соопшти портпаролката Биљана Ѓакова.

Според полицијата трите лица спроведени се во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ за издржување на казните.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.