Приведени тројца малолетници од Велес, краделе од паркирани автомобили

Објавено на 5 септември, 2022 во 10:04

Тројца малолетни велешани, вчера,  биле затекнати при обид за да извршат кражба од паркирани патнички возила на улица „8-ми Септември“. Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес во 05:35 часот ги лишеле од слобода и им го одземале алатот со којшто требало да ги извршат кражбите.

Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.