Приведени тројца велешани, кај нив пронајдена дрога

Објавено на 20 октомври, 2022 во 11:31

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес ги лишеле од слобода Т.Б, Б.П и Т.Џ сите на триесет и шест годишна возраст од Велес. Поточно, во домовите на Т.Б и Б.П биле извршени претреси со судска наредба.

Во домот на велешанецот Т.Б биле пронајдени и одземени три пакувања со марихуана и дигитална вага додека во домот на Б.П била пронајдена и одземена ќеса со марихуана. Кај третиот велешанец, Т.Џ било пронајдено и одземено едно пакување со марихуана.

Од Министерство за внатрешни работи соопштија дека лицата биле приведени вчера, во период од 12:10 часот до 17:50 часот на улиците „Христо Татарчев“ и „11 Октомври“. Потоа биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.