Приведено лице од Долно Јаболчиште, Чашка за издржување затворска казна

Објавено на 27 јануари, 2022 во 10:04

Полициски службеници од Полициско одделение Чашка, во текот на вчерашниот ден, околу 09:40 часот го привеле дваесет и осум годишниот Б.А од село Долно Јаболчиште, Општина Чашка, којшто се барал за издржување на казна затвор.

-За него била издадена наредба од Основен суд Велес со која се барал за издржување на казна затвор, стои во соопштението на Министерство за внатрешни работи.

Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ за издржување на затворската казна.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.