Прогласени стипендисти, јубилејни и најдобри административни службеници на Општина Велес (фото и видео)
Година, прва во мандатот и со многу предизвици, кои не зависеа од градоначалникот, од Советот на општината, од локалната или од централната власт. Вака денеска го започна новогодишното обраќање градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев на новогодишната свеченост во големата општинска сала.
-Ни се случија неколку неубави работи кои сакаме што побрзо да ги заборавиме. Кога зборувам за неубави работи мислам на она што се случи помеѓу Русија и Украина и нанесе сериозни штети на нашата држава и на нашата општина, на приватниот сектор и на граѓаните. Во 2022 година се случија и некои убави работи кои морам да ги кажам. Подобрена е соработката помеѓу градоначалникот и Советот, помеѓу локалната и централната власт, се со цел поголем број на проекти се реализираат на ниво на општината за општо добро, рече Колев.
Тој посака во 2023 година граѓаните да имаат подобро здравје и да не се зборува за пандемија, да престане лудилото со руско – украинската војна за да се овозможи состојба на реализација на сите работи што општината планира да ги реализира.
-Јас од оваа прилока, бидејќи атмосверата е убава, свечена, сакам на сите вас да ви посакам добро здравје, вам и на вашите фамилии, да ве чува Господ, да го чува Велес и да ја чува Македонија. А на наградените што денеска ќе добијат пофалници и признанија им честитам со желба да продолжат да работат а оние кои што немаат добиено да се активираат во наредната година, да бидат уште подобри, додаде Колев.
Градоначалникот ја соопшти и својата желба која се однесува на се поголемо меѓусебно почитување додека што помали да бидат поделбите помеѓу граѓаните. Тој воедно ја честита новата 2023 година и посака да се случуваат само убави работи.
На традиционалната новогодишна свеченост беа прогласени 20 талентираните ученици и 12 талентирани студенти кои се стипендисти на општина Велес како и на донаторските фирми „Агрија“ и „Жито Маркети во учебната 2022/2023 година. Поточно средношколецот Марко Поптодоров кој е стипендист на првата како и средношколците Леон Арсов, Љубенка Малинова, Џенита Кицара, Миа Трајковска и Ана Шопова кои се стипендисти на втората велешка фирма. Ним одлуките за стипендирање им ги врачија претставници на фирмите.
Советничките во Совет на Општина Велес, Менка Андреева и Катерина Ефремова, им ги врачија одлуките за стипендистите на општина Велес. Нив годинава ги добија средношколците: Мартина Арсовска, Марија Нечева, Дамјан Арсеновски, Деспина Миланова, Сара Адамчевска, Василка Карталова, Матеј Гелев, Кристијан Мартулков, Лилјана Филипова, Наумина Стоилковска, Ана Тодорова, Мартина Јаневска, Јани Штерјов и Анѓела Драган.
На свеченоста потоа беа прогласени и претставниците на фирмите „Агриа“ и „Жито Маркети“ им ги врачија одлуките за стипендирање на студенити на Виктор Игнов, Марија Ордева, Кристина Ивановска, Тамара Коцевска, Леонид Миланов и Марија Давчева.
Во име на општина Велес одлуките за стипендирање на најуспешните студенти Бојана Кацарова, Љубенка Ордева, Виолета Иванова, Орданче Рибарски, Ана Трајчева и Андреј Кодовски ги врачи Горан Богоевски, претседател на комисијата за доделување на стипендии на талентирани студенти.
Општина Велес на денешната новогодишна свеченост, исто така, им врачи јубилејни награди за 10 години континуирано работење во администрацијата на вработените Тодорче Поп-Златанов, Благој Калаузаров, Жарко Атанасовски, Ирена Левкова и Владимир Трајков додека за 15 годишна континуирана работа на вработените Наташа Петревска и Снежана Дервишова.
За најуспешни работници во 2022 година, општината, ги прогласи и награди Магдалена Спасева, раководител во Одделение за поддршка на градоначалникот, Сања Карабатова Игновска, советник во Одделение за управување со човечки ресурси, Виктор Јаневски, помлад соработник во Одделение за информатичка технологија, Билјана Шопова, советник во Одделение за финансиски прашања, Александар Анастасовски, советник во Одделение за евроинтеграции и локален економски развој, Ангела Чичевалиева, виш соработник во Одделение за урбанизам и Веса Смилева, советник во Одделение за комунални работи и сообраќај.
Во чест на наградените мини концерт одржаа Орхидеја Дукова и Сашко Костов додека празничната атмосвера со неколку балетски настапи ја доловија балерините на Балетско студио „Анабела“.
Убавка Јаневска