Пронајдена дрога кај три лица од Велес, приведени во полициска станица

Објавено на 7 февруари, 2024 во 14:36

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при Сектор за внатрешни работи Велес, вчера, ги лишеле од слобода триесет годишната М.А, четири години повозрасниот П.Т и четириесет и две годишниот Б.А од Велес.

-При претрес во домот на М.А., извршен со наредба од Основен суд Велес, каде биле затекнати П.Т. и Б.А., биле пронајдени и одземени хероин, кокаин, таблети и дигитална вага. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител, соопштија од СВР Велес.

По документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.