Пронајдена дрога вредна околу 20.000 евра при претрес во Велес, приведен дилер (Фото)

Објавено на 11 март, 2022 во 13:32
Фото: mvr.gov.mk

Полициски службеници од Сектор за внатрешни работи Велес – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, по наредба на судија на претходна постапка и по претходна координација со Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Бирото за јавна безбедност, денеска, извршија претрес на куќа и помошни простории на дваесет и осум годишниот Н.Ц од Велес.

Фото: mvr.gov.mk

– При извршениот претрес, во дворот на куќата пронајдени се пет поголеми пакувања во кои имало по околу еден килограм марихуана- вкупно околу пет килограми,а биле закопани во дворот. Марихуана била пронајдена и во неговото патничко моторно возило „форд фиеста“ и во соба во куќата, каде покрај марихуана се пронајдени и капсули и околу 50.000 денари, за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога, пишува во извештајот на Министерство за внатрешни работи Велес.

Фото: mvr.gov.mk

Оттаму ифнормираат дека Н.Ц е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 до ОЈО Велес.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.