Пронајдено тело на починат маж на улица во Велес
Објавено на 21 октомври, 2024 во 09:55

Итната медицинска помош Велес во Сектор за внатрешни работи Велес во саботата, вечерта, на 19 октомври, во 21:18 часот, пријавила прием на дојава со информација за пронајдено починато лице позади станбена зграда на улица „Димитар Влахов“ во Велес.
-Од страна на полициски службеници било утврдено дека лицето е Т.А.(65) од Велес, а лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт без траги на насилство. Увид извршила екипа од СВР Велес, соопшти портпаролката Биљана Ѓаковска на СВР Велес.
По наредба на Јавен обвинител телото на на починатиот било дадено на обдукција.
Дума.мк
