Распоред за првиот училишен ден во ООУ „Васил Главинов“ Велес

Објавено на 31 август, 2021 во 13:17

Основното општинско училиште „Васил Главинов“ во Велес е подготвено за првиот училишен ден и за настава со физичко присуство за сите ученици после година ипол. Учениците од второ, четврто, шесто и осмо одделение на училиште ќе одат во 07:30 часот. Но поради новите мерки воведени за заштита од Ковид-19 постои дополнителен распоред за влез во училиштето.

Учениците од II – 1 и VIII-7 на училиште треба да влезат од горниот влез на училиштето до кој се наоѓа канцеларијата на СОНК  во 07:00 часот. Потоа учениците од VI-1, VI-5 и VI-6 во училиште треба да влезат на главниот влез во 07:00 часот додека 15 минути подоцна, во 07:15, од истиот влез треба да влезат учениците од VIII-3, VIII-4, VIII-6.

На влезот што го користат учениците во предметна настава кај големите скали во училишниот објект, во 07:00 часот треба да влезат учениците од VI-2, VI-3, VI-4. Во 07:15 часот на истиот влез, големи скали, треба да влезат учениците од VIII-1, VIII-2, VIII-5. 

Учениците од IV-3, IV-5-, IV-6 треба да влезат во училиште во 07:00 часот од влезот на поливалентен простор. После 15 минути, на истиот влез треба да влезат учениците од II-2, II-3, II-4.

Учениците од IV-1, IV-2, IV-4 во 07:00 часот ќе го користат влезот кај спортската сала додека во 07: 15 часот учениците од II-5 и II-6.

Исто така, учениците од трето, петто, седмо и деветто одделение кои на училиште започнуваат во 13:30 часот, влегуваат во училиште по следниот редослед:

Од горниот влез на училиштето, до канцеларијата на СОНК, во 13:00 часот влегуваат учениците од III-6, V-1, VII-2. На главен влез на училиштето во 13:00 часот влегуваат учениците од VII-3, VII-4, IX-3, додека учениците од VII-1, VII-6, IX-6 во 13:15 часот.

Учениците од IX-2, IX-4, IX-5 во училиште влегуваат од влез предметна (големи скали) во 13:00 часот, 15 минути подоцна од истиот влез влегуваат учениците од VII-5, VII-7, IX-1.

На влезот кај поливалентен простор влегуваат учениците од V-2, V-3, V-4 во 13:00. Потоа учениците од III-3 и III-5 во 13:15 часот.

Од влезот кај спортска сала во 13:00 часот ќе влегуваат ученици од III-2, V-5, V-6 и во 13:15 часот учениците од III-1 и III-4.

Приемот на првоодделенците ќе се одржи на горниот влез на училиштето, до канцеларијата на СОНК, по следниот распоред: I-1, I-2, I-3 во 08:00 часот и I-4, I-5, I-6 во 10:00 часот. Ова важи само за првиот училишен ден, потоа првооделенците продолжуваат според распоред.

Учениците од I-1, I-2, I-3 во 07:15 часот ќе влегуваат на истиот влез како и учениците од I-4, I-5, I-6 но во 13:15 часот.

Сите ученици ќе бидат пречекувани од своите одделенски раководители и ќе бидат упатувани во училниците каде ќе ја следат наставата.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.

MIT License