Реакција на Д.Р: Не ја тепав, туку ја спасував мојата ќерка и семејството од пијаниот зет
Таткото не ја нападнал, туку се обидел да ги заштити сопствените деца, ќерка и син, од зетот кој им се заканувал мавтајќи со нож и упатувајќи им предупредувачки пораки дека ќе ги заколе, напиша во писмен став родителот Д.Р до редакцијата на Дума.мк.
Тој реагира на соопштението на СВР Велес поврзано со настан што се случил вчеравечер, околу 18:30 часот во близина на Касарната на АРМ во Велес, кога неговиот зет им се заканувал и мавтал со нож кон неговите две деца. Закани од зетот, кој според родителот бил во алкохолизирана состојба, биле упатени и кон него, кон дедото или родителот во добиената вест од СВР Велес, за коишто тој тврди дека му биле упатени во присуство на тројца полициски службеници на секторот и не само нему туку и на неговата сопруга и на двете деца.
Родителот реагира дека во официјалната информација добиена од СВР Велес недостасува токму овој дел од случката и тврди дека тој не ја тепал сопствената ќерка туку неа и синот само ги влечел за јакните со цел да ги спаси од пијаниот зет.
Убавка Јаневска