Реализиран проектот „Аудиокнигите доспатни до читателите“ на велешката библиотека „Гоце Делчев“

Објавено на 17 април, 2024 во 14:43

Важноста и начинот на набавка како и стручниот внес и обработка на аудио книгите беа објаснети на работилницата насловена „Аудиокнигите доспатни до читателите“ која се одржа во медијатеката на локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес.

Предавачите, Јелисавета Костадинова, библиотекар-советник и Јана Михајловска, виш библиотекар, со примери им појаснуваа на присутните како да се креира каталошко-библиографски опис на аудио книги.

-Оваа работилница е дел од проект на  велешката библиотека во соработка со Библиотекарското здружение на Македонија, подржано од министерството за култура. Ова е првиот проект од вкупно четири кои се со поддршка од Министерство за кулутура, рече директорката на институцијата Снежана Бошевска.

Инаку, на работилницата учествуваа НУ – УБиблиотека „Гоце Делчев“ – Штип, Библиотека „Благој Јанков Мучето“ Струмица, ЈОУ Библиотека „ФЕТКИН“ Кавадарци, ЈОУ Библиотека,, Искра”-Кочани и Матична библиотека,,Кочо Рацин”,Пехчево.

Инаку дел од аудиокнигите во цд формат што ги има велешката библиотека се обезбедени во соработка со здружението на слепи лица од Велес а останатиот дел се добиени преку тековните нарачки на книги од издавачки куќи.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.