Реализиран проектот „Аудиокнигите доспатни до читателите“ на велешката библиотека „Гоце Делчев“
Важноста и начинот на набавка како и стручниот внес и обработка на аудио книгите беа објаснети на работилницата насловена „Аудиокнигите доспатни до читателите“ која се одржа во медијатеката на локалната библиотека „Гоце Делчев“ Велес.
Предавачите, Јелисавета Костадинова, библиотекар-советник и Јана Михајловска, виш библиотекар, со примери им појаснуваа на присутните како да се креира каталошко-библиографски опис на аудио книги.
-Оваа работилница е дел од проект на велешката библиотека во соработка со Библиотекарското здружение на Македонија, подржано од министерството за култура. Ова е првиот проект од вкупно четири кои се со поддршка од Министерство за кулутура, рече директорката на институцијата Снежана Бошевска.
Инаку, на работилницата учествуваа НУ – УБиблиотека „Гоце Делчев“ – Штип, Библиотека „Благој Јанков Мучето“ Струмица, ЈОУ Библиотека „ФЕТКИН“ Кавадарци, ЈОУ Библиотека,, Искра”-Кочани и Матична библиотека,,Кочо Рацин”,Пехчево.
Инаку дел од аудиокнигите во цд формат што ги има велешката библиотека се обезбедени во соработка со здружението на слепи лица од Велес а останатиот дел се добиени преку тековните нарачки на книги од издавачки куќи.
Стефани Манева