Релативно мирна новогодишната ноќ имаа дежурните екипи на Итна помош во Велес

Над вкупно 60 пациенти интервенирале ноќеска лекарите и медицинските сестри на Итна помош при ЈЗУ Здравствен дом. Од вкупниот број на здравствени интервенции 49 биле прегледи во амбуланта и 11 во домашни посети. Не се случиле сообраќајни несреќи на територијата на општина Велес ниту било интервенирано над граѓани кои конзумирале алхохол или храна над дозволените количества.
-Најголем број од пациентите беа со хронични болести и со покачена температура како реакција на вирус којшто е присутен во претпразничните денови. Исто така во текот на вчерашниот ден амбулантски се интервренираше над 112 пациенти и одговоривме на 12 повици за домашна посета. Покачена телесна температура и симптоми на вирус имаа најголем број од прегледаните пациенти и помош побараа граѓани кои се лекуваат од хронични болести рече началничката д-р Васе Поп Стефанова Панова.
Бидејќи ова е период на празнување, кога се чести семејните или пријателски средби и дружења, лекарката со совет до граѓаните да внимаваат при контактите, честитањата и седенките како би се заштитиле од лесно пренесување на вирусот. Првата реакција е покачена температура за што е потребно задолжително јавување на лекар, поточно кај матичен лекар.
Убавка Јаневска
–
