Пушењето ќе стане луксуз -кутија цигари до 200 денари

Објавено на 7 февруари, 2017 во 11:15

Согласно измените во Законот за акцизи на цигарите и производите од тутун, повторно на мета цигарите и нивното поскапување. Некако тоа им е најлесно, како да се црпат пари од граќаните ,затоа што добар дел од нив се непушачи, и така гледаат сеир и велат море ако им е, нека ги сотрат ако треба.

Според најавите од јули годинава се очекува ново поскапување на цигарите.Цигарите ќе поскапат за најмалку 4 денари по една кутија, па така одредени цигари од поскапите брендови ќе чинат и до 140 денари.

Со оглед на тоа дека цигарите во текот на минатата година поскапуваа и повеќе отколку што тоа го наложуваше Законот за акцизи, не се исклучува и опцијата до крајот на годинава одредени брендови да надминат и цена од 150 денари по кутија.

Според реалната мартематика ако цигарите од јули оваа година па во наредните 6 години поскапуват по 4 денари за кутија годишно, тогаш тоа би значело дека на крајот од циклусот во 2023 година една кутија може да чини и близу 200 денари. А растат на инфлацијата, стоењењто на платите во место, тоа е плус за вредноста на една кутија цигари. Така што со време најпаметно ќе да е да се откажете од оваа задоволство .

 

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.