Тројца кандидати во трката за Росоман!

Објавено на 9 март, 2013 во 12:37

Актуелниот градоначалник на Росоман, Стојанче Лазов од ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот градоначалник  во два мандати, Гоце Величковски, тогаш од СДСМ, а сега од Народно движење за Македонија и Анета Јоновска-Љубенова од “Сојузот за иднината“ се кандидатите за градоначалник на општина Росоман.

Синоќа последниот рок за достава на кандидатските листи го испочитувале од опозицијата предводена од СДСМ. Покрај кандидатурата за градоначалник, доставиле и советничка листа предводена од Маја Миленовиќ. Во продолжениот рок до ОИК Росоман, советничка листа доставиле и од Српска Народна странка на Македонија чиј носител е Воислав Стошиќ.

Покрај овие нови кандидатски листи во првичниот рок ОИК ги прифати советничките листи на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Марјанчо Пенчев, актуелен претседател на советот, Народно движење за Македонија предводена од Атанас Стојанов и листата на СДУ, чиј носител е Спасе Ристевски./ А.Д

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.