Мали се штетите од градот во росоманско

Објавено на 25 јули, 2014 во 12:15

Од 20-50 отсто се движат штетите од градот врз насадите со праски во росоманско, покажуваат резултатите од првичните проценки на терен.

Градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов вели дека штетите не се големи, бидејќи мала е површината која била зафатена со врнежи од град. До општината немало пријави за штети од земјоделците.

Според она што го кажуваат овоштарите најмногу штети се забележани кај насадите покрај патот Росоман-Градско, но се работи за мала површина.

„Штетите не се големи бидејќи мала е површината која што била зафатена со град. Како општина не добивме ниедна пријава за оштетени насади, додека до осигурителната компанија  имало стотина пријави. Тоа што стотина овоштари пријавиле штети до компанијата за осигурување говори дека росоманци во најголем дел го имаат осигурано своето производство“ рече градоначалникот  Лазов.

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.