Се отвора модуларната ковид болница во Кавадарци
Благ пораст на бројот на нови позитивни на корона вирус се бележи во Кавадарци. Од утре се отвора модуларната ковид болница која има капацитет од 35 болнички кревети, а истата по стивнувањето на третиот бран, беше затворена во почетокот на јуни.
Директорот на болницата, д-р Диме Коцев вели дека болницата е подготвена кадровски да одговори и на овој нов бран на ковид и дека владее голем интерес за вакцинирање. Тој информира дека досега се вакцинирани околу 53 отсто од населението над 18 години во Кавадарци.
За да не го доведеме во прашање здравјето на граѓаните, денеска имавме комисија за интра хоспитални инфекции и донесовме одлука од утре модуларната болница да биде отворена. Доколку се исполни и овој капациет, подготвен е и четвртиот кат од нашата болница со капацитет од 20 болнички кревети и би имале вкупно 55 болнички кревети“ вели д-р Коцев.
Ангел Данов