Се поправа комплетно стариот пат Велес – Градско
Регионалниот пат долг 20км се реконструира и при тоа се зголемува коловозот од 5,5 метри до 7,1 метар. Динамиката на работа оди според предвиденото темпо и се очекува да биде завршен оваа година.
Денеска увид на рехабитализацијата на патот извршија Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.
-Овој регионален пат е дел од вкупната инвестициона активност во модернизација на патиштата низ земјава. Денеска со директорот Рустеми на лице место се уверивме во градежните активности. Иако се минусни температури, изведувачот работи со предвидената динамика за овој период од годината, се работи на расчистување на трасата, на тампонирање на одредени делници и на гребење на постоечкиот асфалт. Создадени се сите услови за времен режим на сообраќај со што сите граѓани од околните населени места можат да го користат овој пат согласно поставената сигнализација. Нашите заложби за развој на централниот регион од државата ги потврдуваме и со изградба на експресниот од Градско кон Прилеп, а вложуваме и во реконструкција на локалните улици и патишта, со што даваме значаен придонес за подобрување на условите за граѓаните, изјави министерот Бочварски.
Бочварски и Руеми се сретнаа со претставници на изведувачот и надзорот кој ги информираа за динамиката на градежните активности кои се реализираат на терен.
Исто така, Министерот Бочварски се сретна и со градоначалникот на Градско, Киро Нацков, со кој потпишаа договори за реконструкција на две улици во општината во вредност од околу 12 милиони денари.
Стефани Манева