Се тепале тројца млади и еден велешанец каснат од бездомно куче

Физичкиот напад го пријавил 20 годишниот К.М од Велес. Тој објаснил дека на 31 мај, околу 23:00 часот на улица „Андон Шурков“ во Велес, бил физички нападнат од негов врсник К.Р и две години по стариот Т.Р.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти потаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
Исто така, во Полициска станица Велес, вчера, 47 годишниот И.П.З пријавил дека на улица „Сараевска“ бил каснат од бездомно куче.
На подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, во последното деноноќие, за непочитување на Уредбата за носење на лична заштита, казнети се 28 граѓани. Од нив 26 велешани и двајца неготинци.
За непочитување на забраната за движење за време на полициски час, регистрирани се три прекршоци и тоа два во Велес и еден во Кавадарци. Против овие лица ќе следуваат соодветни мерки.
Стефани Манева
