Се запали автомобил пред семафорите во Велес (ФОТО + ВИДЕО)
Пред триесетина минути додека чекал да се вклучи семафорот за дозволен правец на движење се запали автомобил марка „шевролет калос“ со велешки регистарски таблички во Велес. Нема повредени лица во незгодата. Први на помош на возачот и совозачите излегле случајните учесници во сообраќајот кои со помош на против пожарен апарат од бензиската пумпа интервенирале на моторот на автомобилот.
Случајот бил пријавен во полиција и интервенирале пожарникарите. Причини за палењето на автомобилот се жичките од клемите што најверојатно од високите температури и пеколната горештина попуштиле. Тие го предизвикале огнот што го зафатил целиот мотор. Точните причини и штетата на оваа незгода дополнително ќе се утврдуваат.
Овој пример на незгода укажува на потребата за голема внимателност при управувањето на возилата за време на високи горештини со пеколни температури. Потребно е да се провери автомобилот пред да се вклучи во сообраќајот.
Убавка Јаневска