Се запалила куќа кај „Соколаана“ во Велес, нема повредени лица
Територијалната против пожарна единица Велес, вчера, во 21:25 часот добила дојава за запалена куќа на улица „Кресенско Востание“ кај месноста кај велешани позната како „Соколаана“. Шест пожарникари со две против пожарни возила веднаш излегле на лице место.
-Благодарение на брзото пристигнување и брзата интервенција на нашите пожарникари, беше спречено пожарот да се прошири на околните куќи, соопштија од ТППЕ Велес.
Пожарот бил пријавен и во Сектор за внатрешни работи Велес, пет минути откако бил пријавен во ТППЕ Велес.
-Пријавено е дека настанал пожар во куќа во сопственост на четириесет и едно годишниот велешанец А.Ф. Од екипа на ТППЕ Велес, пожарот бил локализиран, а повредени лица нема, соопшти Биљана Ѓаковска, портпаролка на СВР Велес.
Увид на местото извршила Увидна екипа на СВР Велес.
Дума.мк