(видео) Седум лица извршуваат обврски за 17 вработени – голем дефицит на кадар во Народен Музеј Велес

Објавено на 3 јули, 2023 во 13:08

Само еден кустос е вработен во Народен Музеј Велес којшто ги спроведува турите како во музејот така и во Спомен куќите. Во велешкиот музеј вработени се вкупно седум луѓе, а за да функционира институцијата без проблем потребна е да се вработат најмалку уште 10 луѓе.  Затоа, за да се организира посета во истиот и во Спомен куќите потребна е претходна најава но и поголема група на луѓе. Кога има најавена посетеност на поголеми групи, тогаш се ангажират и професионални кустоси од страна. Според директорот на институцијата, Ангел Коруновски, музејот има голем дефицит со тоа што нема работен кадар.

Во изминатите шест месеци вкупно 11 објекти под надлежност на Народен Музеј Велес ги посетиле 1.500 граѓани. Народен Музеј Велес работи секој ден, од понеделник до петок, а за тури во сабота потребна е претходна најава како и поголема група на луѓе. Влезницата чини 10 денари за деца и 20 денари за возрасни од објект.

Инаку, во моментов тие работат на три тури коишто сакаат да ги организираат од месец септември за кои ќе бидат потребни околу 25 посетители и истите ќе траат до 3 до 4 часа. Преку тие ескурзии, велешани но и туристите ќе имаат можност да се запознаат детално со богатата историја на градот.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.