Секој ден организиран бесплатен автобуски превоз на релација Велес – Езеро Младост – Велес
Поради големата заинтересираност од страна на граѓаните, Општина Велес, од петок, 30јули до 31 август, организира бесплатен автобуски превоз до езеро „Младост“. Еден автобус секој ден ќе ги превезува граѓаните до излетничкото место и ќе ги враќа назад. Тоа ќе биде автобусот на компанијата „Пан Промет“ што ќе се движи по следнава маршута:
Тргнувањето започнува од автобуската постојка „Багремче“ во населба „Тунел“, потоа продолжува кон постојка трговски центар, постојка спроти маркет „Жито“ на улица „Благој Ѓорев“, потоа постојка спроти Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“, постојка „С’рмаале“ кај јаворот, на улица „8 Септември, постојка „Центар“ НА-МА, постојка населба „Речани“ и Брод „Панини“ езеро „Младост“ .
Автобусот ќе поаѓа во 10:00 часот а враќањето од езеро „Младост“ ќе биде во 18:00 часот од паркингот кај бродот „Панини“. Во случај на лоши временски услови автобусот нема да сообраќа.
Автобускиот превоз е пуштен откако општината го измери јавното мислење на граѓаните преку анкети на локалните електронски медиуми. На веб порталот Дума.мк на поставените анкети прашања одговорија вкупно 116 граѓани од коишто 80 отсто се изјаснија дека би користеле јавен превоз и од нив 50 отсто дека сакаат да користат секојдневен бесплатен превоз до ова излетничко место.
Стефани Манева