TELOLET Шеесет крвни единици собрани на акцијата на велешки Црвен Крст и ЗГ „Велес бајкинг“ - ДУМА.мк

Шеесет крвни единици собрани на акцијата на велешки Црвен Крст и ЗГ „Велес бајкинг“

Објавено на 2 декември, 2024 во 10:57

На традиционалната крводарителска акција, што вчера, од 9:00 до 14:00 часот се одржа во фоаје на Театар „Џинот“ во Велес собрани се вкупно 60 крвни единици. Двајца велешани за прв пат даруваа крв, останатите хумани граѓани се наоѓаат на списокот на Општинската организација на велешки Црвен Крст поточно како повеќекратни крводарители.

Организаторите на крводарителската акција се задоволни од одзивот на граѓаните. Велешки Црвен Крст и ЗГ„Велес бајкинг“, годинава, крводарителската акција ја организираа по шести пат.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.