Смилев: Ние коишто ги браневме светите придобивки на АСНОМ сега во обвинителството одговараме за ксенофобија и расизам
Во Основно јавно обвинителство Велес, денеска, беше сослушан Игор Смилев, член на политичката партија Левица за објава на статус со навредлива содржина на социјалната мрежа фејсбук против пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ. Смилев по сослушувањето рече дека колку и да звучи иронично давал изјави за статуси коишто ги посветил на Францускиот договор којшто според него е извор на сите зла.
-Дадов изјава и сметам лично дека повампирувањето на фашизмот што го носи Францускиот договор ќе го повампири и ксенофобијата и расизмот. Мислам дека Македонија е фрлена на колена, АСНОМ е разнебитен од четири страни на светот, сите негови свети придобивки. Така што се она што излезе како пандорина кутија од францускиот договор е потенцијално ревидирање на историјата. Тоа значи повампирување на фашизмот а сето тоа доведува до рацизам и ксенофобија. Колку и да е иронијата поголема, ние коишто ги браневме светите придобивки на АСНОМ сега се наоѓаме на клупа да одговараме за ксенофобија и расизам. Тоа е апсурдот на 21 век и затоа во еден од моите искази пред обвинителката беше дека не сме против францускиот народ, француските обичаи туку сакаме францускиот народ и нивните обичаи како и правдина да стане составен дел од нашиот живот, додаде Смилев.
Членот на Совет на Општина Велес, Смилев, не е единствен којшто е повикан да даде изјава во ОЈО Велес. Пред него беше сослушан и првиот левичар во Велес, Димитар Абрашев. Според извори на Левица ќе бидат сослушани уште двајца велешани од кои еден е актуелен пратеник .
Стефани Манева