Снаа истепала свекрва во Демиркаписко
Објавено на 18 март, 2022 во 12:59
Седумдесет и едно годишна жена од демиркаписко село, во текот на вчерашниот ден, во Сектор за внатрешни работи Велес пријавила дека по кратка вербална расправија била физички нападната од нејзината снаа Р.А.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека се работи на расчистување на случајот.
Стефани Манева