Снема дете од село Возарци, кај Кавадарци
Објавено на 8 јуни, 2021 во 14:30
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/06/snemadete-fin.jpg)
Момче на возраст од 15 години, вчера, се оддалечило од домот во кавадаречкото село Возарци и не се вратило. Неговиот татко, четириесет годишниот Д.Б, оддалечувањето на синот го пријавил во ОВР Кавадарци, вчера, откако детето го немало повеќе часови.
СВР Велес информира дека ги имаат сите потребни информации и дека работат на пронаоѓањето на детето.
Убавка Јаневска
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)