Со четворица новопримени, девет ковид пациенти хоспитализирани во ЈЗУ Општа болница Велес
Објавено на 6 април, 2022 во 12:28
Во велешка болница вкупо се хоспитализирани девет ковид пациенти од кои тројца се потврдени позитивни, двајца се сомнителни и четворица пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат шест и на Интерно одделение тројца пациенти, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.
На кислородна поддршка се двајца пациенти.
Во изминатите 24 часа примени се четворица пациенти на болничко лекување и испишан е еден пациент како оздравен.
Стефани Манева