Со двајца новопримени вкупно 14 ковид пациенти во велешка болница

Објавено на 19 април, 2022 во 13:26

Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 14 ковид пациенти од кои двајца се потврдени позитивни, тројца се сомнителни и девет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат шест и на Интерно Б одделение осум, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на велешка болница.

На кислородна поддршка се четворица пациенти.

Во изминатите 24 часа на болничко лекување примени се двајца пациенти.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.