Со двајца новопримени вкупно девет ковид пациенти во велешка болница

Објавено на 28 март, 2022 во 13:33

Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани девет ковид пациенти од кои пет се потврдени позитивни и четворица пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.

-Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат пет пациенти и на Интерно Б одделение четворица пациенти, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на велешка болница.

На кислородна поддршка е еден пациент.

Во изминатите 24 часа на болничко лекување примени се двајца пациенти.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.