Со интересна едукација одбележан „Денот на бројот Пи“ во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ Велес

Приближување на математиката кон учениците преку секојдневни ситуации со користење на компјутер содржеше едукативнто предавање на тема „Визуелизација на функциите и нивните својства со помош на образовен софтвер“ коешто се одржа во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ во Велес. Едукацијата ја одржа професорот по математика Зоран Трифунов, од Велес, кој работи како професор по математика на Факултетот за технички науки на Државен универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје.
-Приближувањето на математиката го правиме со упростување на математиката преку секојдневните функции што ги користиме во решавање на проблеми од повеќе области на секојдневниот живот, како што се сообраќајот, здравството и други гранки. Неопходно потребно е основно познавање на математиката. Сакам на учениците да им ја приближам математиката која не е надвор туку е составен дел од нашето секојдневие. Воедно сакам да им укажам дека и компјутерот можеме да го користиме за визуелизација и побрзо претставување и гледање на својствата на функциите,појасни професор Труфунов.
Неговата колешка Мира Ташкова, професорката по математика во ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ и претседател на Здружението на математичари на Велес беше организатор на едукацијата информираше дека во изминатите години сружемието прави обиди преку популарни игри и предавања да ја поттикне љубовта кон овој образовен предмет за своите ученици.
-Се постигнуваат резултати и тоа освен со постигнување на успеси и со зголемување на бројот на ученици кои се интересираат за математиката. Тие се пријавуваат на математичките натпревари. Ова едукативно предавање се одржа по повод „Денот на бројот Пи“, а воедно и Ден на математиката, рече Ташкова.
Професорката додаде дека објавен е и ликовен конкурс „Математика, уметност, креативност“ на кој учествуваа и велешките ученици. Изложбата на цртежи ќе биде претставена денеска во холот на ООУ „Васил Главинов“ во Велес кадешто се одржува Регионалниот натпревар по математика за учениците од општинските основни училишта. Утре, ќе се одржа и државен електронски натпревар, со логички задачи, на кој учество пријавија и ученици од сите возрасти коишто учат во велешките основни и средни училишта.
Убавка Јаневска
