Издумани Крлевизми: „Патентирав смарт говорница, глупостите ги претвара во афоризми“
Објавено на 7 март, 2025 во 08:39

Најновите 10 Издумани Крлевизми на афористичарот и сатиричар Атанас Крлевски гласат:
„Глупостите се размножуваат со проста делба.“
„Од сите јазици, најтежок за учење е молчењето.“
„Го покажа вистинското лице. Го свитка р`бетот!“
„Патентирав смарт говорница. Глупостите ги претвара во афоризми.“
„Едни со умот, а други со јазикот. До главата е!“
“Животните не се смеат, ама не се и плачковци.“
„Од сите средини најмногу ја сакам средината на полниот сендвич!“
„Внимателно со слаткоречивите. Да не ви згорчат.“
„За мене жена ми е кралица. Има нешто кралско во мене!“
“На 8-ми Март на жена ми не ѝ подарувам ништо. Еден ден во годината нека биде без моето внимание!“
Вашиот, Атанас Крлевски
