Со модна ревија и тивка аукција завршува проектот „Клуч за сопствен бизнис“
Осум вечерни тоалети и два модни свечени комлети, утревечер со почеток во 19:00 часот, ќе бидат претставени на модната ревија којашто е завршен настан на проектот „Клуч за сопствен бизнис“ и ќе се одржи во фоајето на велешкиот театар „Ј.Х.К Џинот“. Модните парчиња се изработени од страна на велешките средношколкци коишто преку овој проект зачекорија во еден свет на моден и декоративен дизајн, ова на денешната прес – конференција одржана во просториите на фондација „Фокус“ го соопшти извршната директорка Убавка Јаневска.
-Со особена радост го очекуваме утрешниот настан посветен на затворањето на проектот „Клуч за сопствен бизнис“ што фондација „Фокус“ во изминатите девет месеци го спроведуваше во Велес. Во овој проект целна група се млади 62 средношколци од четирите наши училишта коишто се определија малку подлабоко да навлезат во модниот и декоративниот свет и освен теоретскиот дел, првично да покажат и какви квалитети поседуваат, додаде Јаневска.
Од вупниот број на ученици 30 ги следеле обуките за Моден дизајн додека останатите 32 од Декоративен дизјан. Од месец септември, средношколците посетиле 16 обуки на коишто најпрво го совладале теоретскиот дел, а потоа во декоративен дизајн имале можност и да изработуваат скици, цртежи за внатрешен интериер, за изработка на предмети од дрво и слично, додека во модата имале шанса да започнат од технички а да завршат до цртеж за модел.
-Учениците посетуваа и практичната работа за којашто сме презадоволни. Средношколците од Моден дизајн заедно со модниот дизајнер Катерина Чукниева и обучувачката м-р Соња Пљакова ги подговтвија десетте модели коишто утревечер ќе бидат прикажани на модната ревија. Декоративците кои заедно со обучувачката дипл. инг арх Цветанка Саздова, за жал немаа шанса да ги изработат предметите но тоа не значи дека ќе застанеме тука, ние како проектен тим и понатаму сме спремни да ги исполниме дел од желбите на децата и тоа ќе го направиме многу скоро за да оставиме едно трајно одбележје во градот дека таа прва генерација на средношколци од Велес освен во модниот покажа исклучителни резултати и во декоративниот дизајн, додаде Јаневска.
По завршување на обуките младите средношколци ќе се стекнат и со сертификат којшто освен во Македонија ќе може да го користат и надвор од границите на државата.
-Сертификатите коишто ќе ги добијат средношколците за нивната успешно завршена обука се веќе сретифицирани во Цетнарот за образование на возрасни а сега постапката привршува и во Министерство за образование но останува само уште да се верифицира просотор во коишто овие обуки ќе се одржуваат и понатаму за да можат да произведуваат нови генерации на млади и возрасни граѓани коишто ќе се пронајдат и гледаат шанса во овие два бизниси, додаде Јаневска.
Инаку, по завршување на модната ревија, утревечер, сите модели изработени од рацете на овие исклучително талентирани средношколци ќе бидат изложени на тивка аукција на којашто присутните ќе имаат можност да си ги купат и да им дадат полет и енергија на младите ученици да продолжат понатаму и во моментот кога ќе се стекнат со сертификатот којшто е дел од проектот да работат и да го започнат својот прв бизнис во Велес или надвор од државата.
Проектот „Клуч за сопствен бизнис“ на Фондација „Фокус“ се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2-ReLOaD 2, финансирана од ЕУ и имплементирана преку Програмата за развој на Обидентите нации UNDP. Проектот е кофинансиран и од Општина Велес.
Стефани Манева