Со пари на даночните обврзници се реконструира главната улица во Градско на која се поставува и атмосферска канализација

Објавено на 29 јули, 2021 во 19:59
Реконструкција и поставување на атмосферска канализација на улица „Илинденска“ во населба Градско

Реконструкцијата на улица “Илинденска” со изградба на атмосферска канализација е со вкупна должина од 303 метри и  ги зафаќа сите атмосферски води од овој дел на населбата. Таа е главна сообраќајна артерија во населба Градско и е дел од  локалниот пат Градско – Долно Чичево – Подлес.

Во моментот се изведуваат градежни работи од првата фаза во должина од 115,67 метри. Реконструкцијата чини 3 милиони 180 илјади и 100 денари. Средства се обезбедени од буџетот на општина Градско.

Улица „Илинденска“ во населба Градско

-По завршување на првата фаза продолжуваме со реконструкцијата и на преостанатите 187,18 метри на оваа улица што прва во Општина Градско добива атмосферска канализација. За сите три фази на реконструкција од општинскиот буџет и од  Бирото за регионален развој обезбедивме вкупно  4 милиони 497 илјади и 690 денари, рече Градоначалникот на Општина Градско Роберт Бешовски.  

Улица „Кочо Рацин“ во село Виничани

Со сопствени средства, во висина од 500 илјади денари, општината ја заврши реконструкцијата  и на дел од улица “Кочо Рацин” во село Виничани во должина од 100 метри.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.