Со средствата собрани од големата пита на велешката питијада, изработени и поделени 20 хуманитарни пакети

Објавено на 25 октомври, 2023 во 14:14

Тројца волонтери од Клубот на млади на Црвен крст – Велес, денеска, ги поделенија 20 хуманитарни пакети со основни прехранбени производи на лица и семејства од социјален ризик. Како што соопштуваат од велешкиот Црвен крст овие пакети се од граѓаните за граѓаните и се изработени од средствата собрани за време на манифестацијата „Велешка питијада 2023“ при делењето на големата пита.

-Волонтерите на Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес денеска реализираа хуманитарна акција. Тоа се средства во висина од 14.684,00 денари кои се донираа при поделбата на големата пита пастрмалија. Пакетите содржат 12 различни или вкупно 16 прехрамбени производи и еден пакет тежи 8,2 килограми, додадоа од Црвен крст – Велес.

Пакетите се изработени согласно стандардите за поделба на хуманитарна помош пропишани од Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина и Националното друштво.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.