Со театарска претстава одбележана 84 годишнината од штрајкот на велешките Гимназијалци (видео и фото)

Објавено: 17 март, 2026, во 11:12 часот

Учениците и професорите на велешката Гимназија „Кочо Рацин“ и годинава со театарска претстава ја одбележаа годишнината од настанот што се случил во Велес на 14 март 1942 година во која ја потенцираа самосвесноста на тогашните ученици и младешката храброст и жар да се спротивстават на бугарскиот фашистички окупатор со протест против употребата на бугарскиот јазик, како официјален во наставата.

Пред почетокот на претставата директорот Иле Попов обраќајки се на присутните во НТ „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ потенцира дека денот, 14 март, потсетува на настан кој остави длабока трага во националната историја, случена во велешката Гимназија и во градот Велес, токму преку група поранешни ученици на ова училиште кои покажаа храборст, достоинство, силна верба во вредностите кои ги носи образованието. 

-Токму тие млади луѓе оставиле порака која до денес е жива, дека младоста има сила да се спротивстави на неправдата и да ја брани слободата. Историјата не учи кога младите имаат знаење, храборст и идеали, тие можат да остават трага што трае со децении. Нашата Гимназија има долга и богата традиција, основана 1857 година, повеќе од век и половина, преставува место каде што се создава знаење, се градат карактери и се се раѓаат идеи, рече Попов.

Учениците преку глума, говор, визуелни видео материјали како и музички изведби на познати македонски народни и патриотски песни, на сценарио на професорките по македонски јазик и литература Цветанка Карамаркова и Весна Павлова како и во соработка со професорите по музичка и ликовна уметност Атанас Зафиров и Јулијана Михова, во претставата ги прикажаа настаните од 14 март 1942 година. 

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.