Со тројца новопримени вкупно 20 ковид пациенти во велешка болница

Објавено на 3 јануари, 2022 во 15:14

Дванаесет потврдени и двајца непотврдени пациенти, во изминатите 24 часа,  се лекуваат од Ковид-19 во велешка болница. Од нив тројца се новопримени. На болничко лекување се наоѓаат уште шест пациенти коишто се негативни но и зависни од здравствена помош.

-Нема испишани во изминатото деноноќие. Од вкупно 20 на кислородна поддршка се 11 пациенти. На инфективно одделение се лекуваат 15 додека на оддел Б на Интерно одделение  пет пациенти, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.