Сообраќајна незгода на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, едно лице со тешки повреди
Објавено на 13 јануари, 2022 во 11:23
Патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од дваесет и две годишната Т.М, ноќеска, два часа по полноќ, излетало од патот. Сообраќајната незгода се случила на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, кај местото викано „Северова падина“.
Во незгодата Т.М се здобила со тешки телесни повреди а нејзиниот сопатник, дваесет годишниот В.Ш со телесни повреди коишто им биле констатирани во ЈЗУ Општа болница Кавадарци.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека бил извршен увид на местото на сообраќајната незгода.
Стефани Манева