Сосед пријавил куче на сосед коешто го нападнало неговиот домашен миленик
Објавено на 30 ноември, 2023 во 14:27

Во Сектор за внатрешни работи Велес, вчера било пријавено дека околу 14:30 часот од дворното место на В.А.(81) во с.Отовица, велешко, од боксовите за чување кучиња излегле четири расни кучиња, домашни миленици и влегле во дворот на соседите каде го нападнале нивното куче, исто така, домашен миленик.
„Притоа, кучето се здобило со повреди и му била укажана помош од ветеринар. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а кучињата биле предадени во стационар за кучиња во Струмица. Се работи на расчистување на случајот,“ соопшти СВР Велес.
Дума.мк
